Свет

Извлечени остатоците од подморницата Титан

28.06.2023 19:00

Новите снимки покажуваат неколку парчиња остатоци кои се истоваруваат од бродот „Хоризонт Арктик“ во канадската крајбрежна стража во Св. Џонс.

Остатоците од подморницата Титан се извлечени на брегот откако таа пред речиси две недели доживеа имплозија.

Новите снимки покажуваат неколку парчиња остатоци кои се истоваруваат од бродот „Хоризонт Арктик“ во канадската крајбрежна стража во Св. Џонс.

Пет лица загинаа, меѓу кои и тројца британски државјани, кога подморница претрпе катастрофална имплозија додека се обидуваше да се спушти до остатоците од потонатиот брод „Титаник“.