временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

29.06.2023 07:50

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претежно во западните делови променливо облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе изнесува 7. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.