МВР

128 санкционирани возачи во Скопје, 33 за брзо возење

29.06.2023 08:25

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, една мерка за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.