МПЦ-ОА денеска излегува на најавениот сенароден протест
Под мотото „Имаме должност“, Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска излегува на најавениот сенароден собир во знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција...

Под мотото „Имаме должност“, Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска излегува на најавениот сенароден собир во знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција.
Собирот ќе почне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Епископот Стобиски вчера повторно ѝ се обрати на јавноста и преку видеоснимка ги повика граѓаните на излезност на денешниот собир. Законот којшто го поднесоа пратениците од владејачкото мнозинство за изводот во родени да стои графа за род сега за нив е неприфатлив, а за законот за родова еднаквост којшто сè уште е во фаза на драфт-верзија побараа широка дебата и да се земат предвид сите мислења.
