Премиерот Ковачевски ја завршува дводневната официјална посета на Берлин
Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, заедно со заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ја завршува дводневната официјална посета на Сојузна Република Германија...

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, заедно со заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ја завршува дводневната официјална посета на Сојузна Република Германија.
Владината делегација претпладнево ќе одржи средби со претставници на здруженија кои работаат во Германија, а во 11 часот во просториите на македонската амбасада во Берлин, премиерот Ковачевски ќе одржи прес-конференција.
