Париз
Продолжуваат немирите во Франција
29.06.2023 09:55
Подолжуваат немирите откако полицаец смртно застрела тинејџер во Париз. Демонстранти се судрија со полицијата, беше запален и автобус...

Продолжуваат немирите по убиството на тинејџер од страна на полицаец на во париското предградие Нантер. Запален автобус во Вири Шатијон, друго предградие на француската престолнина, а судири имаше и во самиот Нантер.
Седумнаесетгодишниот доставувач бил застрелан и убиен при сообраќајна контрола во вторникот. Инцидентот предизвика загриженост низ целата земја и широко распространети пораки на огорченост и сочувство.
