Украина

Зеленски: Политиката на правдата ќе биде новата украинска доктрина

29.06.2023 09:58

Претседателот на Украина, Зеленски ги претстави плановите за доктрината во обраќањето до парламентот, Врховната Рада по повод 27-годишнината од усвојувањето на уставот на земјата...

Претседателот на Украина, Зеленски, рече дека „политиката на правдата“ ќе биде во срцето на новата „украинска доктрина“. Ги претстави плановите за доктрината во обраќањето до парламентот, Врховната Рада по повод 27-годишнината од усвојувањето на уставот на земјата.

„Во моето обраќање до Врховната Рада по повод Денот на Уставот, зборував за внатрешната правда, која се однесува на одговорноста за прекршување на законите во Украина. И за правдата во однос до руско-украинската војна, за одговорноста на Русија за воените злосторства политиката на правдата ќе биде еден од темелите на „украинската доктрина“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.