МВР
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер
29.06.2023 10:47
Полициските службеници извршиле претрес во дом и простории кои ги користи Н.И., при што биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети во врска со кривичното дело.

Вчера, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Н.И.(62) од Битола.
Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициските службеници извршиле претрес во дом и простории кои ги користи Н.И., при што биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети во врска со кривичното дело.
Н.И. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
