Свет
Русија покрена обвинение против 160 странски државјани
29.06.2023 12:06
Руската Федерација покрена обвинение за, како што тврди, 160 платеници од 33 земји кои дејствуваат во име на украинските сили, објави руската државна новинска агенција ТАСС...

Руската Федерација покрена обвинение за, како што тврди, 160 платеници од 33 земји кои дејствуваат во име на украинските сили, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
„Во заедничката истрага на Министерството за одбрана на Руската Федерација и другите оперативни служби, собравме докази за учество на платеници од Грузија, САД, Латвија, Шведска и други земји. Во моментов се води постапка против 160 странци од 33 земји“, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација.
