170 нови професионални војници во АРМ
Министерството за одбрана ќе вработи 170 професионални војници

Министерството за одбрана ќе вработи 170 професионални војници на определено време од 3 години .Јавниот оглас е веќе објавен ,а од кандидатите ,освен општите услови , се бара : да имаат завршено доброволно служење на воениот рок ,да не се постари од 25 години и да имаат завршено средно образование.
Кандидатите кои ќе се пријават на јавниот оглас во текот на постапката на прием на професионални војници ќе бидaт проверени за нивната физичка подготвеност и ќе бидат лекарски прегледани.
Јавниот оглас трае пет дена,а молбите со потребната документација ќе можат да се поднесуваат во одделенијата за одбрана во : Битола ,Велес , Куманово , Охрид , Прилеп,Скопје,Струмица,Тетово и во Штип.
При приемот ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на лицата кои припаѓаат на сите заедници , со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
Свето Николовски
