мвр

Претрес во Скопје, пронајдени марихуана и масло од хашиш

29.06.2023 12:46

При претресот се пронајдени и одземени марихуана, масло од хашиш и дигитална вага...

Денеска од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, по добиена судска наредба, извршен е претрес во дом кај С.Д.(38) од Скопје.

При претресот се пронајдени и одземени марихуана, масло од хашиш и дигитална вага. С.Д., кој не бил дома во текот на претресот, е повикан да се јави на службен разговор во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.