Првата пратка - помош од Македонија за Србија и БиХ
Македонија е на нога.
Се помага со се што може да им се најде на граѓаните од поплавените подрачја.
„Македонија нуди транспортен хеликоптер - МИ 17, опремен со целокупен екипаж, специјални единици, кои се наменети во насока на помошта околу поплавите во Република Србија“, вели Александар Георгиев, портпарол на влада на РМ
Лекови , екипи на МЕПСО, на водовод , противпожарни тимови и им се ставаат на располагање на на Србија и Босна и Херцеговина. Поради кусок на струја ЕЛЕМ ќе им испорачува по 80 мегавати на час сега, а ќе се реагира според состојбите.
Во овој момент, изразија потреба за ваква помош, во количество на електрична енергија која им е најпотребна, секако ќе ги следиме ситуациите и се она што им е потребно, од наша страна, ќе бидат понудени стручни екипи“, вели Дејан Бошковски, директор на ЕЛЕМ
Што друго ќе се преземе, ќе договорат во разговорот премиерите Груевски и Вучиќ.
А дека сме нација можеби малубројна но со големо срце покажува хуманоста на нашите луѓе. Дел од нив сретнавме во амбасадата на република Србија, велат не им е тешко ништо кога треба да им се помогне на луѓето.
„Ние не гледаме дали е албанец, србин, босанец, се собираме хуманитарно, делиме ...“ - изјава на една госпоѓа - волонтер хуманитарец
Официјален Белград, преку амбасадорот во земјава уште еднаш се заблагодари на нивната беспоштедност, но и на властите.
„Им се заблагодарувам на сите граѓани на Македонија, на сите добронамерници, имаме многу повици од македонските граѓани кои нудат различни видови помош, секој донатор ќе биде известен каде и како да ја достави помошта до оние на кои им е најпотребна во Србија“, изјави Душанка Дивјак-Томиќ
Три автобуси со доброволци и спасители веќе пристигнаа во шабац , дејствуваат во хемиската фабрика која е директно изложена на надојдената сава.
Додека ние работиме овде, на неколку места има пробивања на насипот меѓутоа постојат екипи,многу доброволци, сериозна механизација и веднаш се санираа“. - Иван Стоиљковиќ
И на социјалните мрежи не стивнуваат повиците за постојано прибирање помош.
Во земјава, освен зголеменото ниво на Пчиња, и на места излеаната Ратеска која се испушта од акумулацијата на беровско езеро, состојбата е стабилна.
Фиљана Кока
