Грција

Ципрас поднесе оставка

29.06.2023 13:52

Лидерот на грчката левичарска опозиција, Алексис Ципрас, ја објави својата одлука да се повлече од функцијата по големиот пораз на изборите...

Лидерот на грчката левичарска опозиција, Алексис Ципрас, ја објави својата одлука да се повлече од функцијата по големиот пораз на изборите.

Ципрас беше премиер на Грција од 2015 до 2019 година за време на политичката криза додека земјата се бореше да остане во еврозоната и да стави крај на серијата меѓународни пакети за спас на земјата.

На општите избори во неделата, левичарската партија СИРИЗА на Ципрас доби нешто помалку од 18 отсто од гласовите – губејќи речиси половина од поддршката во изминатите четири години.