македонија

Живко Мукаетов избран за почесен конзул на Кралството Норвешка во Македонија

29.06.2023 14:58

Отворен Конзулат на Норвешка во Македонија. За почесен конзул е избран бизнисменот Живко Мукаетов...

Отворен конзулат на Норвешка во Македонија. Државниот врв на двете земји смета дека ова е значителен чекор за напредок на соработката меѓу нашата и скандинавската држава.

„Со отворањето на овој Конзулат ќе имаме уште подлабока економска соработка и инвестициите од Норвешка во Македонија, како и извоз за Норвешка“, изјави Филип Тосевски, државен секретар во МНР.

„Оваа година прославуваме 30 години од дипломатските односи помеѓу Норвешка и Северна Македонија. Норвешка со гордост зборува за овие дипломатски односи и за поставените цели кои треба да се достигнат“, изјави Еивин Вад Петерсон, советник во Кабинетот на министерот за надворешни работи на Норвешка.

За почесен конзул е избран бизнисменот Живко Мукаетов.

„Јас и мојот тим го водиме и конзулатот на Кралството Данска овде и ќе дадеме се од себе да ја промовираме Норвешка тука и да ја зајакнеме врската меѓу двете земји“, изјави Живко Мукаетов, конзул на Норвешка во Македонија.

На свеченоста на отворањето на конзулатот присуствуваа политичари и бизнисмени од двете земји.

 

Катерина Топалова