Каракамишева: Погрешна им е адресата но и основот за тужба на СДСМ

17.05.2014 17:39

Очајнички обид е тужбата на СДСМ до управниот суд против одлуката на собранието за верификација на мандатите која сака преку злоупотреба на правото да ги прикрие исклучително лошите потези кои СДСМ ги прави во изминатиот период- коментираат за МТВ -правни експерти.

Свесни се во опозицијатадека превземаа нелогични чекори па со правно неиздрѓани потези продолжуваат сами да се вовлекуваат во непријатни состојби. Во уставот јасно пишува во членот 63 дека мандатот на пратениците го верификува собранието, а пак во членот 65 јасно е наведено дека пратеник оставка поднесува до собранието или пак мандатот дека ќе му престане ако неоправдано одсуствува од седниците 6 месеци.

„И студент од прва година на правен факултет знае дека одлука на собранието неможе да е предмет на оценка пред редовен суд каков што е управниот. Погрешна им е адресата, но и основот за тужба “, коментира професорката по уставно право Тања Каракамишева. Вистинската адреса е уставниот суд- вели таа.

Доколку имаат елементарно познавање на законот за судови и надлежноста на управниот суд, треба да знаат дека тој не одлучува за законитоста на поединечни акти кои се донесени во изборна постапка и на поединечни акти за избор, именување и разрешување на носители на јавни функции, доколку тоа е определено со закон . Одлуката на собранието не е поединечен правен акт  и никаде во изборниот законик и во законот за собрание или друг закон кој се однесува на пратениците не е определено дека управниот суд треба да одлучува во ваков предмет.

Правните експерти сметат дека станува јасно оти социјал демократите купуваат време, но и предизвикуваат тензии и притисок  врз сите  кои не ја прифаќаат нивната политичка игра на создавање правен смут во државата.. Собранието е тоа кое е надлежно да ги толкува законските норми и тоа  не предвиде никаква пречка за мандатите да не бидат верификувани.

Друг е моментот што опозицијата се обидува да го постигне соочена со слабите изборни резултати.

Миле А. Ристевски