Прилеп

Почнува 49-тиот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

30.06.2023 09:12

Околу 300 учесници од земјава и гости од странство ќе учествуваат на 49-тото издание на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Во Прилеп и на Рудина ќе одекнат звуците на народните инструменти, ќе продолжи зачувувањето на богатото традиционално културно наследство...

Вечер во Прилеп, утре на Рудина кај Долнени ќе одекнат тапаните, ќе се разлеат звуците на гајдата, кавалот, зурлата, кемането. Ќе се одржува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Околу 300 учесници од земјава и гости од Србија и Бугарија ќе настапат во двете фестивалски вечери. Фестивалот речиси пет децении го негува, одржува и го зачувува богатиот изворен мелос.

Голем е интересот на младите за изучување на народните инструменти и песни. Семинарот, во рамките на фестивалот, во 13 години обучувал 150-тина вљубеници во изворниот мелос, од земјава и странство.

На фестивалот во ревијалниот дел гостува „Танец“. И годинава ќе се додели „Гајдата на Пеце“ на најдобриот гајдаџија.

 

 

Елизабета Митреска