БиХ
Силен земјотрес утрово ја потресе Босна и Херцеговина
30.06.2023 09:26
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја потресе Босна и Херцеговина...

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја потресе Босна и Херцеговина.
Имено, како што е наведено на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил на 20 километри југозападно од Требиње.
Сè уште нема информации за евентуална материјална штета.
