Франција
Трета ноќ нереди во Франција
30.06.2023 09:46
Трета ноќ по ред во повеќе француски градови имаше немири поради смртта на 17-годишно момче, кое беше застрелано од полицаец...

Трета ноќ по ред во повеќе француски градови имаше немири поради смртта на 17-годишно момче, кое беше застрелано од полицаец.
Полицијата синоќа уапси 700 луѓе од кои над 400 во реонот на Париз. Во париското предградие Нантер, каде беше застрелано момчето, демонстрантите се судрија со полицијата, при што се уапсени 19 луѓе.
Во Марсеј стотици демонстранти се судрија со полицијата, додека во Лил, Лион и Бордо беа распоредени специјални полициски сили. Францискиот претседател Макрон свика трет состанок на кризниот штаб за смирување на немирите.
