„Деца на сонцето“ на филмскиот маркет во Кан

17.05.2014 18:01

На 20 мај со почеток во 18 часот, закажана е проекција на филмот на која се поканети значајни филмски дистрибутери.

„Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митрикески и продукција на Дејан Милошевски ќе биде претставен на филмскиот маркет во Кан,

Проекцијата на филмот им ја овозможи на филмската екипа Агенцијата за филм на Република Македонија. Најавени се повеќе дистрибутери од кои еден од Америка и два дистрибутери од Англија, што е многу значајно за филмот.

Неодамна филмот „Деца на сонцето“ во кој главните улоги ги играат Ивана Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Билјана Таневски, Александар Миќиќ, Данчо Чевревски, Камка Тоциновски, имаше затворена проекција за екипата во Скопје.

„Целта е да се прикажеме нашиот филм и со тоа да добиеме можност, филмот да се дистрибуира и надвор од рамките на Македонија. Воедно, одиме и за наредниот филм што го имаме добиено на последниот конкурс за 2014година со што имаме двојна можност да се вратиме дома со одличен успех“, вели продуцентот Милошевски.