мвр
Приведен крадец во Гостивар
30.06.2023 11:52
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР...

Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера околу 15 часот, на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, го лишиле од слобода 46-годишниот З.А. од гостиварски Градец, поради сомнение дека извршил кражба во објект во Гостивар.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.
