Здравство

Точни информации за репродуктивното здравје на Контрацепција.мк

30.06.2023 12:54

Планирањето на семејството е дел од образованието на лекарите по семејна медицина, кои со совети им помогнат на пациентки во населени места каде што нема гинеколози...

Точни информации за репродуктивното здравје и контрацепцијата, ќе можат да добијат сите на електронската страница Контацепција.мк на Министерството за здравство и невладиниот сектор.

Освен информации за сите видови контрацепција, заинтересираните ќе можат и анонимно да поставуваат прашања за одговор од лекари од клиниката.

Планирањето на семејството е дел од образованието на лекарите по семејна медицина, кои со совети им помогнат на пациентки во населени места каде што нема гинеколози.

Жените што ќе се одлучат на абортус, неретко имаат последици.

Во праксата гинеколозите се соочуваат со предизвици поради бремени 14 годишни девојчиња. Со обука и примена на средствата ќе се спречат и сексуално преносливите болести. За да биде контрацепцијата достапна, трошоците треба да ги преземе Фондот за здравство, велат лекарите.

 

Наташа Јанчиќ Менковски