Собрание

Во Собранието седница за пратенички прашања, опозицијата ја напушти пленарната сала

30.06.2023 12:57

Денеска на собраниска седница, пратенички прашања. „Правите театар и не одговарате на клучни прашања“, обвини опозицијата и ја напушти пленарната сала. Владините претставници одговараат само на прашањата на пратениците од владејачкото мнозинство…

Пратенички прашања без опозицијата која ја напушти пленарната сала. „Правите театар и смислено сценарио да не одговарате на клучните прашања од опозицијата“, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски, кој посочи дека власта ќе одговара на 49 прашања поставени од пратеници на владејачкото мнозинство.

Илире Даути од Алијанса за Албанците, меѓу две седници, поставила 41 прашање за лица кои не добиле државјанство и за тоа, од МВР, добила одговор.

Деловникот го надмина времето, потребен е нов, и на добар пат сме да го решиме ова прашање, посочи потпретседателот на македонското Собрание Горан Мисовски, алудирајќи на решавање на сите отворени прашања, кои со стариот деловник не се доволно уредени.

 

Миле Ристески