Европол: Полицијата откри 6,5 тони кокаин вреден 223 милиони евра
Полицијата пребарала осум локации во Кадиз и Малага, а заплените биле 6,5 тони кокаин, возила, луксузни часовници, голем број електронски уреди и 1,5 милиони евра во готовина. Водачот на таа криминална мрежа се смета за еден од најголемите шпански шверцери на дрога.

Европол објави дека полицијата открила 6,5 тони кокаин во вредност од 223 милиони евра, скриени во пакувања со банани при три операции во Колумбија и Шпанија и дека во таа прилика биле уапсени 13 лица, соопшти Европол.
Полицијата пребарала осум локации во Кадиз и Малага, а заплените биле 6,5 тони кокаин, возила, луксузни часовници, голем број електронски уреди и 1,5 милиони евра во готовина. Водачот на таа криминална мрежа се смета за еден од најголемите шпански шверцери на дрога.
Европол соопшти дека ја поддржува шпанската цивилна гарда да разбие криминална мрежа вклучена во шверц на неколку тони кокаин од Јужна Америка во ЕУ.
Истрагата, која започна во октомври 2022-ра година, наводно ја вклучила колумбиската национална полиција и државната полиција на Латвија. Европол ја олесни размената на информации и обезбеди постојана аналитичка поддршка.
Наркобосот е член на познато локално семејство од шпанскиот град Кастелар де ла Фронтера, кое користело компанија за трговија на големо со замрзната риба како преден бизнис, соопшти Европол, тврдејќи дека криминалната мрежа го перела незаконски стекнатото богатство преку компанијата и бил вклучен во обиди за корумпирање на јавни службеници.
