ССМ

Слободан Трендафилов избран за претседател на ССМ

30.06.2023 14:53

Слободан Трендафилов е новиот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој е избран по денешниот Конгрес што се одржа во Скопје...

Слободан Трендафилов е новиот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој е избран по денешниот Конгрес што се одржа во Скопје. Трендафилов беше единствен кандидат за претседател на ССМ.

Конгресот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон прерано починатиот претседател на ССМ Дарко Димовски и неговите заложби за синдикалното делување.