Ѓоковиќ против Качин на стартот на Вимблдон

30.06.2023 16:30

Прворангираниот светски тенисер Карлос Алкараз од Шпанија во воведното коло во Вимблдон за противник ќе го има Французинот Жереми Шарди.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја почне одбраната на титулата во Вимблдон против Аргентинецот Педро Качин (68 на АТП листата), одлучи денешната жрепка за третиот овогодишен грен – слем турнир.

Прворангираниот светски тенисер Карлос Алкараз од Шпанија во воведното коло во Вимблдон за противник ќе го има Французинот Жереми Шарди.

Во женска конкуренција, најдобрата светска тенисерка Ива Швјонтек од Полска во воведното коло ќе игра против Лин Жу од Кина, додека бранителката на титулата од лани Елена Рибакина од Казахстан на стартот ќе игра против американската тенисерка Шелби Роџерс.

Грен – слем турнирот во Вимблдон е на програмата од 3 до 16 јули.