Кривичен суд
Притвор од 30 дена за двајца осомничени во „Феникс“, едно лице ќе оди во куќен притвор
30.06.2023 18:51
Притвор од 30 дена им е определен на З.В. и на Љ.Б, додека мерка куќен привор му е одредена на Т.Д.

Судија на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на две лица за случајот „Феникс“ осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари, пренесува МИА.
Притвор од 30 дена им е определен на З.В. и на Љ.Б, додека мерка куќен привор му е одредена на Т.Д.
Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“.
Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари.
