Македонија
Николовски во Рим ќе учествува на 43-та Конференција на ФАО
30.06.2023 19:28
Во рамки на посетата министерот Николовски ќе оствари средба со Генералниот директор на ФАО...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од 1-ви до 2-ри јули 2023-та година, во Рим, ќе учествува на 43-та Конференција на ФАО, на која ќе се гласа за избор на Генерален директор на ФАО.
Во рамки на посетата министерот Николовски ќе оствари средба со Генералниот директор на ФАО, како и билатерална средба со министерот за земјоделство на Азербејџан.
