Временска прогноза
Претпладне сончево, попладне пороен дожд
01.07.2023 09:19
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне и во вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени.
Во Скопје сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
