Франција

Продолжуваат немирите во Франција по убиството на тинејџерот

01.07.2023 10:03

Во Париз демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници. Околу 1.000 биле уапсени ширум Франција...

Во Париз демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници. Околу 1.000 биле уапсени ширум Франција.

Претседателот Макрон е под голем притисок, откако ги повика родителите да ги држат децата од улица и ги обвини социјалните мрежи за поттикнување немири.

Сепак не прогласи вонредна состојба, опција искористена во слични околности во 2005 година. Полициски сили беа зајакнати со уште 5 илјади полицајци. Повредени се повеќе од 300 полицајци и пожарникари.