Велес

Во Велес промовирани четири аудио книги за лицата со оштетен вид

01.07.2023 10:26

Нови четири аудио изданија, наменети за лицата со оштетен вид, се промовирани во Велес. Сите се за деца и се лектирни изданија. Издавањето е финансиски помогнато од Министерството за култура...

Четири аудио книги наменети за лицата со оштетен видот, беа промовирани во градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Тие се заеднички проект на библиотеката и Здружението на слепите лица од Велес. Со ова се збогатува фондот на аудио книги, наменети за лицата со оштетен вид во Македонија. Проектот е реализиран со финансиска помош од Министерството за култура.

Снимени се четири книги, сите лектира за деца. Книгите кои ги има во велешката библиотека, наменети за лицата со проблеми со видот, се достапни за изнајмување преку Здружението на слепи лица од Велес.

Овој проект на снимање на аудио книги и книги со Браево писмо, за лицата со оштетен вид, во Велес е започнат во 2005 година. Досега се снимени 23 аудио книги.

 

 

Петар Печков