Прилеп

Околу 300 учесници на фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

01.07.2023 10:39

Синоќа во Прилеп, вечер на Рудина, Долнени се одржува фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Сè повеќе млади го изучуваат богатиот изворен мелос...

Се разлеаја гајдите, зурлите, кавалите, одекнаа тапаните. Околу 300 изведувачи од цела Македонија и гости од Србија и Бугарија учествуваат на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Почнаа во Прилеп, продолжуваат на Рудина, Долнени. Новите генерации со љубов и желба го прифатија наследството од дедо прадедо и ги негуваат звуците на традиционалните инструменти и песни.

И за гостите одржувањето на традициите се дел од опстојувањето.

„Корените се тука. Секој народ, своето обележје го има преку музиката, обичаите, славите, преку носиите“, рече Небојша Милошевиќ, Србија.

Речиси педесет години Фестивалот, уверуваат организаторите, ја исполнува својата задача за негување, зачувување и пренесување на изворниот мелос.

По 13-ти пат се одржа Семинарот за изучување на народните инструменти и песни, а по четврти пат Симпозиумот за фолклорот во минатото и денес. На првата фестивалска вечер настапи и националниот ансамбл „Танец“.

 

 

Елизабета Митреска