„Уметноста на живеењето“ преку методата на гешталт психотерапија
Како да се достигне вистинската „Уметност на живеењето“ во едни тешки времиња или да се даде адекватен одговор на предизвиците во кој живееме во повеќе сфери. Анксиозноста, депресивните состојби, паничните напади, стравовите кои последно време ни се случуваат секојдневно се најчестите проблеми кои преку индивидуални или групни терапии треба да се решат велат од првата генерација на битолските гешталт терапевти...

Живејте во сегашноста, задоволувајте ги вашите потреби, остварете ги вашите потенцијали затоа што секој човек со самото свое раѓање има потенцијал да расте се развива и да живее е основното мото на психолозите кој ја практикуваат гешталт терапијата прокламирајќи ја „Уметноста на живеењето“. Но како да се изнајде адекватен одбранбен механизам од состојбите и предизвиците во кои живееме. Експертите велат за да се стигне до таа фаза луѓето мора да ги надминат некои традиционални препреки.
Заради самата филозофија, сфаќањето, техниките и методите кои се применуваат гешталт терапијата е поразлична од онаа класична психотерапија велат од првата битолска гешталт група психотерапевти.
За да се постигне нивото на благосостојба третманите можат да бидат индивидуални или групни. Велат одзивот е на солидно ниво. Предмет на интерес претежно е популацијата од 35-45 годишна возраст, а најчести проблеми им се анксиозноста, депресијата стравот и паничните напади.
Стевче Митревски
