Фестивал на цвеќето во Скопје

17.05.2014 19:48

Денеска, од плоштадот „Македонија“ кон градскиот парк со цветно дефиле во кое учествуваа над 500 деца, започна фестивалот на цвеќето.

Различни работилници  за тоа како правилно да се садат и негуваат цвеќињата, како да направат цветен аранжман, како да изработат цветно оригами...

Студенти од Технолошко-металуршкиот факултет, пак, подготвуваат креации инспирирани од цвеќе.

Познати цвеќари и фирми за хортикултурно и пејсажно уредување во дел од овој простор изведуваат мини градини. Во оваа зона своите вештини ги покажуваат стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, СУГС „Ѓорѓи Димитров“, Греен планет, Хортиексперт, Хорти дизајн, Маган мак, Биропроект, Китка Плант фарма и други.

На првиот Скопски цветен фестивал граѓаните можат и да купат цвеќе од типот: Импатиенс, салвија, бегониа, петуниа, роза, гербера, кала, хризантема и многу други по симболични цени, од 25 -100 денари.