Тетово без активности за решавање на проблемот со бездомните кучиња
Глутници кучиња во секое тетовско мало, полициските билтени преполни со напади од бездомни животни, а општината нема никакви активности за решавање на овој децениски проблем...

Сашко Дамески е само еден од многуте жители од овој дел на Тетово кои се плашат да излезат од својот дом, поради напади од кучиња скитници. Живее на булеварот „Маршал Тито“ каде со години има глутница кучиња, кои бараат засолниште под длабоките сенки, но и се во потрага по храна околу градскиот пазар.
Барале од градските власти решавање на проблемот, но, позитивен одговор не добиле.
Кучиња скитници има во секое тетовско мало. Нивната бројка е сè поголема низ тетовските улици оти локалната самоуправа не ги згрижува, а полициските билтени се преполни со нападнати граѓани од кучиња скитници.
Општината има заловено осумдесетина кучиња скитници низ Тетово. Оваа акција заврши пред неколку месеци од страна на здружението „Амос Шелтер“, кој го доби тендерот за згрижување на бездомни животни. Но, за останатите улични кучиња, а претпоставките се дека на улицата ги има над 500 локалните власти без најави за нивно заловување.
Зоран Димовски
