Франција на раб на вонредна состојба, насилните демонстрации продолжуваат
Продолжуваат насилните демонстрации во Франција. Полицијата користи водени топови и солзавец. Уапсени близу илјада лица. Претседателот Макрон под голем притисок да прогласи вонредна состојба...

Во Париз демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници. Околу 1.000 биле уапсени ширум Франција. Претседателот Макрон е под голем притисок, откако ги повика родителите да ги држат децата од улица и ги обвини социјалните мрежи за поттикнување немири. Сепак не прогласи вонредна состојба, опција искористена во слични околности во 2005 година. Полициски сили беа зајакнати со уште 5 илјади полицајци. Повредени се повеќе од 300 полицајци и пожарникари.
Јужниот француски град Марсеј, првично поштеден од насилството што избувна најпрво во регионот на Париз, доживеа втора ноќ немири. Ограбена била продавница за оружје, и уапсено лице со ловечка пушка.
Претходно, двајца полицајци кои не биле на должност се здобиле со сериозни повреди.
Владата постојано апелира за смирено и построго полициско работење.
Макрон рече дека на средба со социјалните мрежи, дал предупредување дека не можат да дозволат да се користат како канали за повици за насилство.
Неговата влада ќе соработува со технолошки компании за да воспостави процедури за „отстранување на чувствителните содржини.
Смртта на момчето ја шокираше Франција и ги поттикна долготрајните тензии меѓу полицијата и младите луѓе ширум земјата.
Марина Ристова
