„Паркирај и донирај“ отворена е хуманитарната зона во Штип
Општина Штип ги означи паркинг местата во таканаречената „хуманитарна зона“. Со користење на овие паркинзи ќе се полни солидарниот општински фонд и ќе се намалат сообраќајните гужви во централното подрачје, велат од локалната власт...

Сто триесет и едно паркинг место во неколку зони во Општина Штип ќе бидат „хуманитарни“. Со нивно користење кое е за десет денари поскапо, ќе се полни општинскиот солидарен фонд
Се очекува хуманитарните паркинг места да придонесат за намалување на сообраќајниот метеж во централното подрачје.
Паркингот на овие позиции ќе чини 30 денари за првиот и за секој следен час, а месечните и годишните билети за паркирање овде нема да важат. Освен на вообичаениот начин на плаќање со смс порака, новина за овие паркинг места е можноста за наплата со скенирање на кодот објавен на информативната табла.
Славица Величковска
