Негативен природен прираст во 2022 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, опаѓа наталитетот како во градските така и во селските подрачја. Лани во градовите живородени се 10 илјади 866 деца или 60, 1 насто од вкупниот број, додека 7 илјади 207 или речиси 40 проценти се живородени деца во селските подрачја...

Според податоците на Државниот завод за статистика, опаѓа наталитетот како во градските така и во селските подрачја. Лани во градовите живородени се 10 илјади 866 деца или 60, 1 насто од вкупниот број, додека 7 илјади 207 или речиси 40 проценти се живородени деца во селските подрачја.
Најмногу се родиле во скопскиот, а најмалку во источниот регион. Природниот прираст кај населението во градските подрачја е минус 3 илјади 488 лица, a во селските, минус 898 лица. Податоците на статистика покажуваат дека најголеми се преселбите од село во град, наспроти меѓуградските преселби.
Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има источниот регион со 49 насто, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54, 4 проценти.
