Атлетико шампион!
Не Реал, не Барселона, туку по 18 години Атлетико Мадрид е шампион на Шпанија.

Во најинтересната Примера во последните неколку сезони, на црвено – белите им беше потребен бод и го освоија на гостувањето кај директниот конкурент Барселона играјќи 1:1. Каталонците само со триумф во завршното коло можеа да ја спасат сезоната, но иако поведоа со голот на Алексис Санчез во 34-та минута не успеаја првпат сезонава да го совладаат Атлетико.
Пред околу 100 илјади гледачи на Камп Ноу, Атлетико Мадрид обезбеди реми со погодокот на Диего Годин во 49-та минута. Успехот на екипата од Мадрид има и дополнителна тежина затоа што гостите од 25 минута беа без Диего Коста и Арда Туран кои беа заменети поради повреди. Атлетико заврши прв со 90 бода или три повеќе од Барселона и од Реал Мадрид.
По 1996-ата година и генерацијата предводена од Радомир Антиќ на клупата и Милинко Пантиќ и сегашниот тренер Диего Симеоне на теренот, Атлетико го освои десетиот шампионски пехар.
Атлетико има можност да јо надгради оваа неверојтана сезона затоа што на 24 мај во Лисабон во првото градско финале во историјата на Лигата на шампионите ќе игра против Реал Мадрид. Проблем за Атлетико можат да бидат повредите на Коста и на Туран чијашто сериозност допрва ќе биде позната.
