Временска прогноза
Времето денеска променливо и нестабилно со локален пороен дожд
02.07.2023 08:57
Денеска времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР...

Денеска времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР.
На одредени места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 29 степени.
