Македонија

Реката Вардар има еколошки проблеми од сепарациите на песок

02.07.2023 09:16

Учесниците на Вардарската регата констатираа бројни еколошки проблеми по течението на реката. Сепарациите на песок го менуваат текот на Вардар и тој во некои делови и не тече од толку што е широк...

Освен одржување на традицијата на велешките трговци, кои со гемии пловеле во 18 и 19 век по Вардар до Солун, Вардарската регата има за цел и споделување на еколошките проблеми, кои учесниците ги регистрираат по течението на најголемата македонска река. Но тоа што учесниците го виделе во еден нејзин дел е алармантно. Користењето на песокот од реката го менува текот на Вардар.

Стојановски е учесник на сите 23 регати. Иако по вокација е дипломиран металург, тој во душа е еколог и голем вљубеник во реката Вардар. Затоа апелира да се почитува редот во природата. Учесниците на регата посочуваат дека само со пловење по неа, може да се констатираат проблемите.

Токму поради тоа што после Удово, реката е многу разлеана по неа не може да се плови, па годинава регата заврши ден порано, не се пловеше до Гевгелија.

 

 

Петар Печков