Месецов се очекува да почне да се гради затворен базен во Струмица
Овој месец во Струмица треба да почне да се гради затворен пливачки базен откако Агенцијата за млади и спорт ја заврши тендерската постапка. Станува збор за проект кој ќе чини околу 43 милиони денари, а освен во Струмица се планира да се градат и во Кавадарци и Општина Карпош …

Месецов треба да почне изградбата на затворениот пливачки базен во Струмица. Ова го најави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов откако АМС ја заврши тендерската постапка за избор на изведувач на градежните работи. Базенот треба да биде во спортскиот комплекс во Струмица во близина на пам патеката.
Според техничката спецификација станува збор за базен со должина од 25 и широчина од 9 метри. Базенот би имал променлива длабочина од 80 сантиметри до метар и 20 сантиметри. Паралелно се планира и помошни простории на објектот.
Базенот во Струмица ќе чини 42, 7 милиони денари. Освен за Струмица завршена е тендерската постапка и за изградба на затворени пливачки базени и во Кавадарци и Карпош. Станува збор за проекти кои се дел од програмата за нова спортска инфраструктура на Агенцијата за млади и спорт.
Ване Трајков
