Фудбал – Куп на Англија

Конечно пехар за Арсенал!

17.05.2014 20:56

По осум сушни години фубалерите на Арсенал се израдуваа на пехар и тоа во ФА купот.

Во финалето на Вембли топчиите по продолженија славеа против Хул со 3:2 кој првпат играше во мечот за трофејот.. Иако аутсајдер и без главниот напаѓачки тандем Јелавиќ – Лонг кои немаа право на настап во купот, Хул поведе со 2:0 уште во стартните осум минути. За шок на црвениот дел на Вембли се погрижија Честер и Дејвис.

Екипата од северен Лондон во игра ја врати Казорла кој намали на 2:1 во 17-та минута, а дополнителни 30 минути и донесе Кошчелни кој израмни на 2:2 во 71-та. Победоносниот погодок за трофеј по 2005-та и вкупно 13-ти во ФА купот го постигна Ремзи во 109-та минута.