Зеленски: Нов пакет санкции
Украинскиот претседател Зеленски објави нов пакет санкции против правни и физички лица кои ја поддржуваат руската „терористичка војна“...

Украинскиот претседател Зеленски објави нов пакет санкции против правни и физички лица кои ја поддржуваат руската „терористичка војна“. Рече и дека санкциите се насочени и кон лица кои не се руски државјани.
„Украина објави уште еден пакет санкции против оние кои и помагаат на Русија да ја води оваа терористичка војна. Конкретно, има санкции против речиси 300 правни лица и речиси 200 физички лица. И тоа не се само руски државјани. Секој во светот кој помага агресорот ќе добие одговор од Украина и од целиот свет“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Зеленски му се заблагодари на шпанскиот премиер Санчез за поддршката и за помошта за украинските бегалци.
