Скопје

Се санираат штетите по силното невреме што вчера попладне го зафати Скопје

02.07.2023 10:18

Паднати дрвја, оштетени автомобили, блокирани улици. Во населбата „Мичурин“, во Аеродром, дрво падна врз автомобил во движење, но за среќа само на задниот дел, а возачот не е повреден...

Се санираат штетите по силното невреме, проследено со силен ветер и дожд и електрични празнења што вчера попладне го зафати Скопје.

Паднати дрвја, оштетени автомобили, блокирани улици. Во населбата „Мичурин“, во Аеродром, дрво падна врз автомобил во движење, но за среќа само на задниот дел, а возачот не е повреден. Од Центарот за управување со кризи информираа дека паднати дрвја имало и во близина на Транспортниот центар.

Нема пријави за повредени граѓани во невремето. Од УХМР за денеска најавија дека времето ќе биде променливо, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Преодно стабилизирање ќе има утре.