Штип

Министерството за финансии работи на измени на одредбите на Законот за финансиски друштва

02.07.2023 12:20

Измени во одредбите на Законот за финансиски друштва и воведување построга контрола во нивното работење, бара Народниот правобранител. Целта е да се обезбеди правна сигурност на граѓаните. Сегашното законско решение доведува до забуна во поглед на висината на трошоците за брзите кредити и дава можност за измами, односно подигање кредити на туѓо име...

Институцијата Народен правобранител бара допрецизирање на одредбите на Законот за финансиски друштва. Во моментот законот не ги ограничува вкупните трошоци на брзите кредити, не предвидува обврска за јавна објава на тарифникот и овозможува добивање кредит по електронски пат.

Граѓаните кои ги анкетиравме немаат доверба кон брзите кредити заради скриените трошоци и високите камати.

Лесниот начин на добивање брзи кредити доведе до голем број измами со крадење на лични податоци. Чести се пријавите во СВР Штип од страна на оштетени граѓани кои плаќаат кредити кои некој друг ги зел во нивно име.

 

 

Славица Величковска