Загаденост на површинските води во тетовско
Шарпланинските реки Бистрица и Беловишка река се со одлични микробиолошки резултати и припаѓаат во прва категорија. Но, за разлика од нив реките Вардар и Пена кои поминуваат низ тетовско, а чија вода претежно се користи за наводнување на земјоделските површини се од втора односно трета категорија. Отпадните води кои се испуштаат во овие две реки се најголемите загадувачи...

Канализациски води, отпад, пестициди, ова се најчестите извори на загадување на реките Пена и Вардар.Со децении најголемата река во нејзиниот тек во тетовско е во трета категорија, а земјоделците ја користат за наводнување на земјоделските површини. Треба што поскоро да се завршат проектот за филтер станица за Вардар, но и за река Пена кој треба да припаѓа во прва категорија, велат експертите
Доктор Давидовски, вели дека во време на летна сезона, поголемо внимание треба да се обрне и на индивидуалните базени за капење кои особено во руралните средини користат води од селските водоводи, чија вода претежно е микробиолошки загадена.
Резултатите од рекреативните базени за капење во Тетово се задоволителни, кои според стандардите водата треба и припаѓа во втора категорија, дополнуваат од Центарот за јавно здравје Тетово.
Зоран Димовски
