Сторија

Кирил со две и пол години ги освои Пелистер и Триглав

02.07.2023 11:03

Две и пол годишниот Кирил е круната на тридецениската планинарска пасија на битолското семејство Цветановски. Пелистерскиот врв го почувствувал уште додека бил во утробата на мајката за потоа бебето задоено на Баба планина во ранецот на плеќите од таткото Златко ги искачи речиси сите домашни врвови, а минатата година и словенечкиот Триглав. Од годинава на порамните планиски места тој веќе и пешачи...

Преку неделата на лесен тренинг во градскиот парк, викендите на планинските височини. Ништо чудно и невообичаено за едно од најмладите битолски планинарчиња две и пол годишниот Кирил Цветановски кој планинарскиот марш го чувствувал уште во утробата на мајка му.

Задоеното бебе на Пелистер досега со своите родители се искачило на речиси на сите домашни врвови. Од неодамна во регистарот на освоени врвови влезе и словенечкиот Триглав.

Родителите велат од годинава на порамните планински места тој веќе и полека пешачи. Кога детските ноџиња ќе се уморат тој одамна научил каде му е местото за сигурен пат.

Во планинарското сиви на Кирил веќе се влезени и неколку подолги маршеви. Родителите признаваат дека понекогаш постои страв но тоа се надминува со добра подготовка и следење на временските прогнози. Сепак на крајот од денот задоволството е преголемо што нивното синче и неговите повозрасни две сестри се дел од нивната близу тридецениска планинарска пасија.

 

 

 

Стевче Митревски