Крушево
Во Крушево седма година се организира фестивалот „Кога си во Крушево“
02.07.2023 12:07
Крушево целосно се афирмира како туристичка и спортско-рекреативна дестинација. Викендов по седми пат се организира фестивалот на отворено „Кога си во Крушево“. Преку 500 учесници уживаа во крушевските убавини и знаменитости...

Преку 500 учесници од цела Македонија рекреираат и уживаат во велосипедски планински трки, во трчање, параглајдерство, јавање на коњи, во кајак и во концерни вечери. По седми пат се одржува фестивалот на отворено „Кога си во Крушево“.
Крушево се етаблира како туристичка и спортско-рекреативна дестинација. Се зголемува бројот на љубителите на рекреативните активности, но и на свеста за заштита на животната средина.
Фестивалот на отворено „Кога си во Крушево“ има летно и зимско издание.
Елизабета Митреска
