Партии

Членството на ДУИ денеска се изјаснува за ново раководство на 14 партиски ограноци

02.07.2023 13:02

Демократската унија за интеграција денеска одржува внатрепартиски избори за консолидација на нејзините тела...

Демократската унија за интеграција денеска одржува внатрепартиски избори за консолидација на нејзините тела. Во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип. Од партијата го повикаа членството, како што велат, слободно да се изјасни за новото раководство на ограноците.

Примената на моделот „еден член, еден глас“, го докажува демократскиот пристап и капацитет на Демократската унија за интеграција, стои во дописот. На крајот на овој демократски процес, победници ќе бидат сите, бидејќи општото добро, придонесот за неговото остварување и ефикасната служба кон граѓаните се несомнено наша заедничка мисија, се подвлекува во соопштението од ДУИ.

Лидерот на партијата Ахмети, кој гласаше во Кичево вели дека не очекува проблеми од „огнената група“. Од таму пак, во последно време се погласни се обвинувањата дека врз нив се врши притисок и се прави смена на нивните членови од партиските функции.