Стејт департмент: Лидерите на Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството
САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал и искоренување на корупцијата, велат од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски...

САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал и искоренување на корупцијата, велат од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски.
Се додава дека лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата.
САД неодамна го ставија на црна листа градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за вклученост во значајна корупција. За персона нон грата претходно беа прогласени екс-премиерот Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
